Written by Stefan Nikolaj
24 Oct 2022
По повод „прва објава на македонски јазик“, на мојот блог би сакал да споделам неколку ретки документи со голема историска важност за луѓе кои истражуваат за македонскиот антифашистички отпор во Втората светска војна.
Документи:
Дедо Иван
Дедо Иван е еден од првите македонски весници против фашистичката окупација, напаѓајќи ги Бугарите, Германците и Македонците кои им се придружиле. Главен уредник на весникот бил Апостол Зордумис – Толи (Толи Зордумис), и има голема важност не само поради тоа што весникот им пружал културен отпор на фашистичките пропаганди, туку и е напишано на кумановскиот дијалект. Затоа претставува и еден од ретките примери на напишан кумановски - во овој случај со српска ортографија. Весникот го поставив на познатата Интернет архива (Archive.org). Ова е првиот број на весникот, а третиот број веќе е поставен на интернетот, и на Википедија може да се најде третиот број, со додатни информации за весникот.
Можете и да го погледнете, целосно прикажан, подолу:
Или едноставно симнете го преку овој линк.
Нова Македонија
Ова е првото издание на Нова Македонија, кој, колку што знам, е најпознатиот македонски весник на сите времиња. За жал, ова не дел од оригиналниот тираж, туку е препечатено издание од 1959, а имам уште едно од 1974 во многу подобра состојба. Поради сите препечатувања, не верувам дека е ретко, и немам доволно добар скенер да го скенирам, па затоа само ќе ги поставам сите страници како слики подолу:
Биографија на партизанот Герасим Миланов Димовски
Ова ми е најинтересниот документ, бидејќи е (авто)биографија на кумановскиот партизан Герасим Миланов Димовски. Не знам кој е, и најверојатно е одамна починат, но овие две негови страници покажуваат фасцинантен поглед во животот на еден борец. Дијалектот на кој е напишан документот содржи елементи на литературен македонски, српски и кумановски. Сепак, стилот на пишување е занимлив и посакувам да би имало уште некое негово напишано дело. И овој документ го зачував на Интернет архивата.
Можете и да го погледнете, целосно прикажан, подолу:
Или едноставно симнете го преку овој линк.
Постојат уште многу слични документи, од кои и голема количина на работничка поезија, но треба да го скенирам и сортирам целиот тој материјал прво.
Живела победа над крвожедну хитлеровштину!